Тајван објави за кинеска група бродови во западен Пацифик

Кинеска поморска борбенаформација предводена од носачот на авиони „Shandong“ минала во понеделникот 60 наутички милји кон југоистокот на Такван и навлегла во западен Пацифик поради обука, соопшти тајванското министерство за одбрана.

Министерството во Тајпеј наедува дека од 5,40 часот утрото по локално време, исто така, регистрирало 11 кинески воени авиони, вклучително и ловци „Ј-16“, во ткн Идентификациска зона на противвоздушната одбрана на Тајван,и дека тајванските сили пружиле „соодветен одговор“.

Носачот на авиони „Shandong“ учествуваше во масивните кинески воени маневри околу Тајван во април, делувајќи во западен Пацифик. Пловеше, исто така, низ Тајванскиот теснец во јуни годинава.

Во саботата низ Тајванскиот теснец, чијашто средишна линија се смета за неформална гранична линија меѓу Кина и островот кој таа го смета за своја одметната покраина, пловеа американски и кинески воен брод, што според САД е втората таква заедничка мисија од јуни.

Кина, која полага право на Тајван и никогаш не ја отфрли можноста за употреба на сила за да го врати островот во својот состав, ја засили воената активност во близина на островот како одговор на, како што го нарекува „заговор“ меѓу Тајван и САД особенио изразен во политичка и воена соработка последните две години.