Тајван одржува избори кои внимателно ги следи Кина

Гласачките места беа отворени во саботата на претседателските и парламентарните избори во Тајван, кои Кина ги опиша како избор меѓу војна и мир, додека Пекинг го засилува притисокот.

Тајван, како што пишува Reuters, е демократска успешна приказна од одржувањето на првите директни претседателски избори во 1996 година.

Владејачката Демократска напредна партија (DPP), која се залага за посебен идентитет за Тајван и ги отфрла територијалните претензии на Кина, сега бара трет мандат со нејзиниот кандидат, актуелниот потпретседател Лаи Чинг-те.

Пред изборите, Кина повторно го осуди Лаи како опасен сепаратист и ги отфрли неговите повторени покани за разговори. Лаи вели дека е посветен на одржување на мирот преку Тајванскиот теснец и продолжува да ја зајакнува одбраната на островот, поддржуван од САД.

Лаи на изборите се соочува со два противакандидата за претседател – Хоу Ју-их од најголемата тајванска опозициска партија Куоминтанг (КМТ) и поранешниот градоначалник на главниот град Тајпеј, Ко Вен-је од малата Тајванска народна партија (TPP), основана во 2019 година.

Парламентарните избори се подеднакво важни, особено ако ниту една од трите партии не може да освои мнозинство, што може да му попречи на новиот претседател да донесува закони и во јавната потрошувачка, особено за одбраната за што особено е заинтересиран Вашингтон.

Избирачките места се отворени осум часа, гласачките ливчиња се бројат рачно, нема електронско ниту гласање во отсуство, преку полномошник или предвремено гласање. Резултатот треба да биде јасен до доцна во сабота навечер кога поразените ќе ги признаат, а победникот ќе го одржи својот победнички говор.

На претседателката Цаи Инг-вен уставно ѝ е забрането повторно да се кандидира по два мандати, а таа се повлече од водството на DPP, откако на локалните избори во ноември 2022 година нејзината партија беше поразена во четири од шест големи градови на островот со 23 милиони жители, меѓу кои и главниот град Тајпеј, од КМТ.

Куомитанг (KMT), традиционално заговара потесни врски со Кина и покрај тоа што всушност истоименото движење по поразот во граѓанската војна со Комунистичката партија на Кина во 1949 година пребегна на островот. Од КМТ ги отфрлаат обвинувањата дека е пропекиншки настроена, а ги обвинуваат тајванската претседателка Цаи и нејзината партија DPP дека без особена потреба и претерано се конфронтираат со Кина.

Откако во 1987 година ја прекина политиката на децениски воен режим, воено и финансиски поддржуван од САД, Тајван стана една од најдинамичните и најразвиени азиски економии. По доаѓањето на власт на Цаи Инг-вен, чијашто партија инсистира дека Тајван е суверена држава, Пекинг ги прекина официјалните комуникациски канали со Тајпеј, ги зачести воените вежби во Тајванскиот теснец и го зголеми економскиот и дипломатски притисок.

Кина, која Тајван го смета за своја одметната покраина, одамна се обврза островот да го врати во својот состав и никогаш не исклучи можност за примена на сила за исполнување на таа цел, иако изминатите години се трудеше тој процес да го артикулира преку поддржување про-пекиншки струи на островот и со економски привлекување. Властите во Тајпеј, пак, се противат на кинеските намери и велат дека за тоа ќе мора да одлучат 23-те милиони жители. Кина на Тајван му го понуди моделот „една земја два систем“, но тогаш го отфрлија повеќето главни партии на островот, и се тврди дека нема јавна поддршка.

Тензиите меѓу Пекинг и Тајпеј кулминираа во август 2023 годинава, кога островот го посети претседателката на американскиот Претставнички дома на Конгресот, Ненси Пелоси, што беше отстапување од децениската политика на САД да не испраќа највисоки политички функционери на островот.

Како одговор, Пекинг започна големи воени вежби во близина на брегот на островот, воведе санкции за две тајвански фондации, самата Пелоси и нејзините роднини и презеде други мерки. САД, кои формалните дипломатски односи со Тајпеј ги прекинаа во 1979 година за да постигнат договор со Кина и се придржуваат до концептот „една Кина“ а посетата на Пелоси беше првата оттогаш која ја наруши таквата политика на Вашингтон, и натаму останува најголем извор за оружје на Тајван.