Властите на Тајван ја осудија Кина во саботата поради прелетот на 38 кинески воени авиони претходниот ден во воздушниот простор кој се смета за тајвански, што се смета за најголемиот досега кинески упад.
Тајванското министерство за одбрана објави дека 25 кинески борбени авиони, од кои 18 ловиц од типот „Ј-16“, четири ловци „Su-30“, два бомбардера „H-6“ и еден авион „Yun-8“, влегле прво во тајванскиот воздушен простир на Кинескиот национален ден, кој се одбележуваше во петокот.
Уште 13 авиони, од кои десет ловци „Ј-16“, два бормбардера „H-6“ и авион за рано предупредување „Кј-500“, тајванската одбрана регистрирала вечерта.
Тајванскиот премиер Су Ценг-чанг изјави во саботата за новинарите дека Кина „очајнички ја јакне својата воена моќ и го поткопува регионалниот мир“.
Станува збор за најголемиот број кинески воени авиони коиишто ги детектирала тајванската Зона за идентификација на противвоздушната одбрана (ADIZ), откако тамошното министерство за одбрана од септември 2020 гоина започна со објавувањето на ваквите зивештаи.
Тајванскиот министер за надворешни работи, Џозеф Ву, изгрази загриженост во саботата.
„Заканувачки? Секако. Чудно е што Народна Република Кина повеќе воопшто измислува изговори“, напиша Ву на Twitter.
Кусо по тајванското поднесување на барање за пристапување на Транспацифичкото партнерство на 23-ти септември, 24 кинески борбени авиони упадна во тајванскиот воздушен простор. ADIZ соопшти дека на 15-ти јуни детектирал 28 кинески ловци, а претодно на 12-ти април годинава 25 кинески воени авиони.
Официјалните односи меѓу централната влада во Пекинг и властите во Тајпеј се прекинати во 1949 година, кога силите на Куомитангот, предводени од генералот Чанг Кај-шек, поразени во граѓанската војна со Кинеската комунистичка партија, се префрлија на островот Тајван. До 1971 година, кинеското место во ОН го заземаше Република Кина (Тајван), а до денес ја признаваат само 14 членки на ОН, како и Ватикан, како најзначаен меѓународен субјект кој одржува службени дипломатски односи со Тајван. Државите не може да имаат официјални односи истовремено со Кина и со Тајван, како што беше случајот со Македонија кон крајот на 1990-те и почетокот на 2000-те години.
Пекинг ги критикува односите на другите земји со Тајван, кој го гледа како своја покраина. Кинеските власти редовно протестираат и бараат од Вашингтон цврсто придржување на политиката на „една Кина“, а Тајван го сметаат за своја одментната покраина. Кинеските власти постојано остро ги критикуваат американските планови за вооружување на тајванската армија.
Деловните и неформалните контакти меѓу Тајван и континентална Кина беа обновени кон крајот на 1980-те години. Од почетокот на 1990-те години, пак, двете страни почнаа да комуницираат преку невладини органиации: пекиншката Асоцијација за развој на односите преку Тајванскиот теснец и Фондацијата за размена преку теснецот во Тајпеј. Пекинг, меѓутоа, не се откажува од обединувањето на Тајван со Кина, при што не ја исклучува ниту употребата на сила.