Тајванската претседателка: Војната не е опција

Тајванската претседателка Цаи Инг-вен во саботата се обврза дека ќе ја одржува постојната состојба на мир и стабилност во Тајванскиот теснец среде зголемените тензии со Кина, која го зголеми воениот притисок врз островот кој го смета за своја одметната покраина по провокациите со честите посети на највисоките западни функционери, и додаде дека војната меѓу Тајван и Кина не е опција.

„Тајван нема да провоцира, ниту ќе попушти пред кинескиот притисок“, изјави Цаи во говорот во претседателскиот кабинет во Тајпеј по повод одбележувањето на седумгодишнината откако е на власт.

Кина, којашто Тајван го смет за своја територија и порачува дека ќе го стави под своја контрола и со сила доколку тоа биде потребно, го зголеми својот воен и дипломатски притисок во обидот островот да го прифати кинескиот суверенитет, како во случаите на Хонгконг и Макао, особено откако Цаи дојде на власт во 2016 година и со поддршка на САД започна дипломатска активност во странство, на што Пекинг секогаш остро одговара.

Кина ги отфрли сите повици на Цаи за преговори, велејќи дека нема за што да се преговара, а тајванската претседателка повеќепати истакнуваше дека ќе ја „брани слободата и демократијата“ на Тајван.

„Војната не е опција. Ниедна страна не може унилатерално да го промени статус-квото со насилни средства. Одржувањето на статус-квото на мирот и стабилноста е консензус и на светот и на Тајван“, рече Цаи.

„Иако Тајван е опкружен со ризици, тој во ниеден случај не создава ризици. Ние сме одговорни управувачи со ризикот и Тајван заедно ќе стои со демократските земји и заедници ширум светот за заеднички да се ублажат ризиците“, додаде Цаи.

Челниците на земјите членки од групата Г7 се согласија дека сакаат мирно решени на споровите поврзани со Тајван, изјави во петокот во Хирошима домаќинот на самитот, јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Цаи изјави во саботата и дека тајванските функционери преговараат со администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за добивање воена помош за Тајван во износ од 500 милиони долари, додавајќи дека станува збор за испорака којашто наводно била одложена поради пандемијата на коронавирусот.

Го истакна дека глобалното значење за синџирот за снабдување на Тајван, кој произведува повеќе од напредните микрочипови во светот, а се обврза и да ги задржи најнапредните технологии, како и центрите за истражувања и развој на самиот Тајван. Изјавата на Цаи е во врска со големите договори на тајванските со американските технолошки компании, по што се јавија стравувања за селење на компаниите од островот.

Тајван се подготвува за многу важните претседателски избори кон средината на следниот јануари, а тензиите со Кина се во фокусот на предизборната кампања.

Хоу Ју-их, градоначалник на Њу Тајпеј Сити, кој на изборите ја претставува опозициската партија Куомитанг (KMT), во саботата рече дека Тајван управуван од Цаи Инг-вен се соочува со изборот меѓу „мир и војна“, и вети дека ќе ја задржи регионалната стабилност со неспецифиран со „дијалогот и размената“.

„Стравот од војна никогаш нема да ги истера надежите за мир“, рече Хоу на настан во Тајпеј, каде ја започна својата предизборна кампања и каде се обврза дека ќе ја брани Република Кина, како што е официјалното име на Тајван.

Противкандидатот на Хоу е тајванскиот потпретседател Лаи Чинг-те од владејачката Демократска прогресивна партија (DPP) по големиот ноемвриски пораз на локалните избори од партијата Куомитанг (KMT).

Куомитанг, кој се залага за поблиски врски со Кина, претседателските избори во јануари 2024 година ги прикажува како избор меѓу мирот и војната. Од КМТ ги отфрлаат обвинувањата дека е пропекиншки настроена партија, а ги обвинуваат тајванската претседателка Цаи и нејзината партија DPP дека без особена потреба и претерано се конфронтираат со Кина.

„Одржувањето на мирот би требало да има консензус на сите политички партии на Тајван и не треба да се продава страв од војна поради добивки на изборите“, одговори Цаи на прашањето за ставот на опозицијата.

Кина, која Тајван го смета за своја одметната покраина, одамна се обврза островот да го врати во својот состав и никогаш не исклучи можност за примена на сила за исполнување на таа цел, иако изминатите години се трудеше тој процес да го артикулира преку поддржување про-пекиншки струи на островот и со економски привлекување. Властите во Тајпеј, пак, се противат на кинеските намери и велат дека за тоа ќе мора да одлучат 23-те милиони жители. Кина на Тајван му го понуди моделот „една земја два систем“, но тогаш го отфрлија повеќето главни партии на островот, и се тврди дека нема јавна поддршка.

Тензиите меѓу Пекинг и Тајпеј кулминираа во август годинава, кога островот го посети претседателката на американскиот Претставнички дома на Конгресот, Ненси Пелоси, што беше отстапување од децениската политика на САД да не испраќа највисоки политички функционери на островот.

Како одговор, Пекинг започна големи воени вежби во близина на брегот на островот, воведе санкции за две тајвански фондации, самата Пелоси и нејзините роднини и презеде други мерки. САД, кои формалните дипломатски односи со Тајпеј ги прекинаа во 1979 година за да постигнат договор со Кина и се придржуваат до концептот „една Кина“ а посетата на Пелоси е првата оттогаш која ја наруши таквата политика на Вашингтон, и натаму останува најголем извор за оружје на Тајван.