
Селекторот на Уругвај, Оскар Табарес, не сакаше да зборува за ситуацијата во која е Единсон Кавани пред четвртфиналниот натпревар денеска со Франција. Кавани беше заменет за време на натпреварот против Португалија во осминафиналето, поради повреда на листот. Тој потоа пропушти неколку тренинг сесии, за да потоа тренираше самостојно.
Не можам да ви ги дадам сите информации. И ние не добиваме сè од францускиот тим. Тој е многу важен играч за нашиот тим и тој направи сè за да се опорави. Кавани е сконцентриран на постигнување на она за што сонува. Сепак, мислам дека доволно зборувавме за него. Известувавме за се што се случи. Ќе знаете кој е во почетните 11 пред почетокот на натпреварот, изјави Табарес.
Натпреварот Уругвај и Франција се игра во Нижни Новгород во 16 часот.