Препаратот метформин би можел да овозможи луѓето да живеат 110 – 120 години, односно луѓето постари од 70 години да се чувствуваат како да имаат 50, тврдат научниците.
Експертите појаснуваат дека метформинот, кој се користи за лекување на дијабетесот засега кај животните го продолува животот.
Поради тоа надлежните служби во САД дале зелено светло за почеток на тестирањето на овој препарат на луѓето веќе од наредната година.
Новиот препарат би можел да отвори нова страница во медицината, при што лекарите би можеле успешно да го лекуваат не само ракот, дијабетесот и деменцијата, туку и самото стареење.
Стареењето не мора да биде неизбежен процес, бидејќи сите келии содржат шема на ДНК, која може да овозможи потојана правилна работа на телото. Некои морски животни воопшто не стареат.
Метформин ја зголемува количината на молекули која доаѓа до келиите, што ја зголемува долговечноста на клетките.
Минатата година е утврдено дека пациентите со дијабетес кои добивале метформин живееле подолго од останатите.