ВИДЕО| Таче бе дојди со нас: Понижувачки пинг-понг со владетелот на заминување и избраниот му наследник

Пратеникот Анатонијо Милошоски објави куса видео сторија од неодамнешната средба на регионалните лидери во Тирана во врска со иницијативата на „Отворен Балкан“, на којашто од македонска страна присуствуваа досегашниот премиер Зоран Заев и неговата замена во СДСМ и на премиерската должност Драган Ковачевски.

“Таче, дојди бе со нас” , понижувачки пинг-понг на владетелот во заминување со неговиот избран наследник“, коментираше Милошоски под видеото од подготовките за „фамилијарната фото-сесија“ во Тирана, заедно со албанскиот премиер Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ