Косовскиот претседател Хашим Тачи го повика лидерот на движењето „Самоопределување “ Албин Курти да формира нови институции што е можно поскоро. Тој му даде рок од 48 часа за да го објави името за кандидат за премиер, пред да преземе следно уставно и правно дејство.
„Како претседател на земјава, ќе го вршам мојот уставен и правен авторитет за зачувување и култивирање на политичкото и граѓанското единство и евроатлантска ориентација на државата Косово. Затоа, решив да му понудам на господинот Курти дополнителни 48 часа да го номинира кандидатот за следниот премиер на Владата на Република Косово, пред да преземам следни уставни и правни дејствија“-истакна Хашим Тачи-претседателот на Косово.
По консултативната средба со претседателот на Косово, лидерот на Самоопределување, Албин Курти рече дека средбата била без правен ефект. Курти, кој ги презентираше имињата на кандидати за министри и вицепремиери, ја повика ДСК што поскоро да изградат нови институции.
„Сакам што поскоро да се сретнам со ДСК и да почнеме со нова фаза на завршување на овие преговори со цел да го крунисаме договорот со една коалиција, како што сакаше народот на 6 октомври и јас верувам дека државата има право на демократско градење и економски развој“-рече Албин Курти- лидер на Самоопределување.
Предложените имиња од Самоопределување за новата влада, се:
„За втор заменик- министри на влада, Хаки Абази. Министерка за права, Албулена Хаџиу, министер за надворешни работи и дијаспора, Блерим Река, министер за финансии и трансфери, Бесник Бислими, за министер за економија, трговија и индустрија, Розета Хајдари и за министер за здравство и спорт, Арбен Витија“.
Лидерот на „Самоопределување“, Курти меѓу другото додаде дека не планира да го разреши Глаук Коњуфца од функцијата претседател на Собранието додека за новата понуда кон ДСК, Курти рече дека ќе се дискутира на следните средби.