Косовскиот премиер Хашим Тачи вчера се состана со новоизбраните претседатели на општините во Косово. Веста ја отврди и самиот премиер на својот Фејсбук профил, пренесува агенцијата „Анадолија“.
„Се состанав со новите претседатели на општините, избрани на локалните избори во 2013 година, претседатели кои припаѓаат на различни партии и етнички заедници. Со некои од нив до пред година дена не можев ни да замислам дека можам да се состанам, а не пак да соработувам. Сите претседатели ветија дека ќе работат и ќе ги почитуваат законите по кои се избрани, а тоа се законите на Република Косово“, напишал Тачи, на својот Фејсбук профил.
Премиерот напишал и дека со еден од новите претседатели, кој за прв пат учевствувал на локалните избори, се договорил првиот чекор во соработката со Владата на Косово и таа општина да биде почетокот на изградба на нова училишна зграда.