Тачи пречекан си зурли и тапани, вечерва ќе се обрати до јавноста

Со зурли, тапани и знамиња на ОВК, косовскиот претседател Хашим Тачи синоќа беше пречекан во Kосово по враќањето од Хаг.

Организацијата на воените ветерани на ОВК и граѓаните го пречекале Тачи на преминот Врбница, каде што дошол од Албанија, пренесуваат регионалните медиуми. Тој најави дека вечерва ќе се обрати во врска со четирите дена кои ги помина на сослушување во Хаг. Обвинението против тачи е поднесено на 24 април и сега е кај судијата, надлежен да го разгледа и да го потврди или отфрли. Тачи и уште неколку други лица се осомничени за воени злосторства и убиства на околу 100 луѓе на Косово.