Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, денеска изјави дека очекува гласањето на локалните избори да помине во мирна атмосфера, а партијата да постигне добри резултати.
– Мислам дека на крајот ќе успееме да имаме мирни и демократски избори и се надевам на добар резултата на нашата партија – рече Тачи откако гласаше на избирачко место во старата градинка „Младост“ во Тетово.