Тачи: Сонот на сите Косовци е обединување со Албанија

Претседателот на Косово, Хашим Тачи порача дека сонот на сите граѓани во Косово е обединување со Албанија, додавајќи дека корекцијата на границите не значи размена на територија.

Зарем не е стратешка цел и обединување со Албанија. Албанците ќе бидат заедно во евроатланското семејство во НАТО и ЕУ. Нема да не мразат ако го промениме знамето. Ако ни се приклучат Прешево, Медвеѓа и Бијановац, ќе се прилагодиме на знамето, истакна Тачи.