Тајфун ја погоди Кина, евакуирани 90.000 лица

Кинескиот јужен остров Хајнан денеска беше погоден од тајфунот Калмеги, поради што се откажани 69 меѓународни летови, а евакуирани се 90.000 луѓе.

Моментно тајфунот се движи во правец на северниот дел од Виетнам, а во текот на ноќта се очекува да го зафати виетнамското копно.

Бурата е проследена од ветрови кои се движат со брзина од 137 до 144 километри на час, соопшти Националниот метеоролошки центар.

Тајфунот Калмеги вчера ги погоди Филипините, предизвикувајќи поплави во кои загинаа најмалку две лица.