Тајланд ќе се поврзе со супер брза железничка линија со Кина.
Пругата, која ќе го поврзе Тајван со југот на Кина, ќе биде долга 737 километри, а за комплетната изградба ќе бидат инвестирани 23,3 милијарди долари. Изградбата ќе започне во почетокот на идната година, а комплетното завршување се очекува во 2021 година.
Државниот секретар за сообраќај на Тајланд Соитип Траисут соопшти дека во меѓувреме ќе се завршат и другите брзи пруги што ќе го поврзуваат главниот град Бангок со повеќе насоки во државата. За изградба на новите пруги Тајланд ќе инвестира 68 милијарди долари, од кои најголем дел се банкарски и меѓудржавно договорени кредити.