Додека трагањето по 12-те момчиња и нивниот фудбалски тренер кој исчезнаа во поплавената спила влегува во шестиот ден, полицијата низ отворите започна да уфрла пакети за преживувње без да знае дали некој воопшто преживеал.
Момчињата на возраст меѓу 11 и 16 години и нивниот 25-годишен фудбалски тренер исчезнаа во саботата откако одлучиле да го истражуваат десеткилометарскиот комплекс од пештери Тан Луанг во покраинат Чианг Раи, и покрај знаците за предупредување за посетителите дека мрежата од подземни премини и комори во пештерата често се поплавени. Крај влезот во пештерата се пронајдени велосипеди и патики коишто им припаѓаат на момчињата, и спасувачките екипи се надеваат дека отпечатоците и трагите во пештерата, исто така, им припаѓаат ним. Меѓутоа потрагата досега не даде никакви резултати.
Меѓународните спасувачки екипи, вклучително и онаа којашто ја испрати Американската пацифичка команда (PACOM), им помагаат на талјандската полиција, морнарица и спасувачките тимови во спасувачката операција којашто е попречувана од силниот дожд. Додека полицијата врши пребарување на теренот од воздух, нуркачите се обидуваат да се пробијат низ поплавените премини.
Низ отвор во пештерата во петокот се уфрлени дваесет пакате со вода, храна, лекови, батерии и пораки за исчезнатите. Во пораките е напишано „Доколку го примите ова, одговорете и покажете на мапата каде сте. Сите брзо ќе ви помогнеме“. Полицијата и спасувачките екипи се надеваат дека пакетите преку надојдените води ќе допловат до отворите на пештерата.
Талјандскиот премиер Пајат Чаноча го посети местото во петокот за да ги увери семејствата дека ќе бидат преземени сите можни средства. Трагањето по момченцата со денови е главната тема во јавноста во оваа азиска земја.