Според резултатите од анкетата помеѓу читателите на амеркианскиот магазин „Тајм“, претседателот на Русија, Владимир Путин е предводник на листата на стотина највлијателни луѓе во светот.
Путин во анкетата освоил 6, 95 отсто од гласовите на читателите, со што се најде пред сите останати политичари, општествени или верски лидери на листата, пренесува ТАСС, повикувајќи се на информациите објавени на официјалната веб страна на „Тајм“.
Гласањето беше завршено во петокот, резултатите се објавени сега, а се планира до 16-ти април да биде објавена листата по избор на редакцијата.
Далај – лама на листата има 1,7 отсто гласови, папата Франциско 1,5 отсто, претседателот на САД, Барак Обама, 1,4 отсто, додека претседателот на Кина Сји Јипинг, на Сирија Башар ал – Асад, како и германската канцеларка Ангела Меркел добија приближно по 0, 9 отсто од гласовите на читателите.
Магазинот „Тајм“ излегува од 1923 година, а рејтинг листата ја објавува од 1999-та година. На листата се опфаќаат читателите што сметаат дека нивните постапки имаат најмногу влијание врз ситуацијата во светот.