Воопшто не е чудно што некои од најголемите ѕвезди на денешницата строго ја чуваат тајната за нивниот заводлив изглед, а некои од нивните методи се се’, само не се вообичаени.
Иако се труди да остане таинствена кога е во прашање нејзиниот исглед, некогашниот ангел на Викторија Сикрет Миранда Кер откри како се бори против подуеноста.
Таа секој ден консумира една лажичка кокосово масло.
Освен што го зајакнува имунитетот, тоа го подобрува варењето и го поттикнува слабеењето. Освен тоа, во една прилика изненади кога искрено проговори за нејзиното затегнато тело.
Односот меѓу затегнатоста на моите раце и стомачните мускули и сексот е пропорционален. Колку почесто водам љубов, толку мускулите ми се поцврсти.