Природната убавина е многу важна. Француските девојки никогаш не претеруваат со шминката бидејќи не сакаат да се маскираат, туку да изгледаат свежо. Малку маскара, руменило и смел црвен кармин – тие знаат како со мали детали да постигнат совршен изглед. Доколку сакате да земете пример од нив, нагласете ги или очите, или усните.
Тие сериозно ја сфаќаат негата на кожата
Сигурно сте се прашале во што е тајната за нивната сјајна кожа. Станува збор за нега на која тие посветуваат големо внимание. Наместо да чекаат да се појават првите брчки, па потоа да се борат со нив, овие девојки уште од раната младост посветуваат внимание на винаметелно чистење на лицето. Негата е нивна дневна рутина и им дава голема предност кога е стареењето во прашање.
Руменилото е must have
Французинките сметаат дека црвеното руменило е еден вид неопходен додаток. Секако, не мора секогаш да го ставате. Но, доколку немате време за шминка, тоа ќе ви помогне да заблескате.
Не се драматизира околку косата
Кога некој прв пат ќе ве здогледа, првата работа која ја приметува е косата, потоа очите и насмевката и на крај облеката. Затоа, не треба да се чудиме што доста време посветуваат на косата. За да ја заштитат од пртерано оштетување, избегнуваат да ја мијат секој или секој втор ден. Тие денови носат разбушавени пунџи или лежерно врзано коњско опавче кое им овозможува да изгледаат шик и елегнтно. Да не го заборавиме и благодетот на шампонот за суво перење. Со ова не само што го штитите коренот на косата и коренот на главата, туку и го штедите своето време.
Потпис во вид на парфем
Во Франција – земјата на парфемите, не се сметате за комплетни додека не ставите парфем. Французинките не го менуваат својот омилен мирис. Да се биде верен на еден парфем ви овозможува креирање на идентитет и некој вид личен потпис по кој ќе бидете претпознатливи.