Бугарите биле окупатори, самиот чин на влегување во Македонија значеше окупација. Историска вистина е дека Бугарија во време на Втората Светска војна беше на погрешната страна во сојуз со Хитлер. Бугарите не треба да бидат фрустрирани поради соработката со Хитлер и Третиот рајх. Денес никој не вели дека Бугарија е фашистичка земја.
Ова во вечерашното интервју за „Трилинг“ на ТВ24 го порача поранешниот претседател на МАНУ, академик Таки Фити.
Според академик Фити, не сите членови на Бугарската академија на науките и уметностите застанаа зад политиката на бугарската влада, додавајќи дека МАНУ и БАН реализирале 50-тина научни програми, преведени на двата јазици македонски и бугарски.
Академик Фити смета дека соработката меѓу двете академија мора да продолжи и дека кавгите доаѓаат од политиката. Ултимативните пораки според него се непријатно изненадување, зошто после договорот за добрососедство, се сметало дека работите ќе одат на подобро.
-Тоа се анахронизми и не можам да разберам во разговорите во Софија зошто политичарите и дел од научниците се фрустирани од фактот дека за време во Втората светска војна, Бугарија беше на погрешната страна, вели академик Фити.
Тоа е историја и не може да се менува, вели Фити, и факт е дека вугарската војска влегла во Македонија, но тоа не било администрација, туку беше чин на окупација. Академик Фити смета дека соработката треба да продолжи, со решение за историските факти. За јазикот и идентитетот денеска воопшто не треба да се разговара, зошто ќе имаме фрустрации да докажуваме дека македонскиот јазик постоел, а за тоа постојат историски докази. Тоа се затворени работи, смета Фити.