Условите што се нудат во Македонија се добри, одвреме на време се појавуваат проблеми но заедно со македонската влада ги решаваме, вели во интервју за „Економски“, извршниот директор на Џонсон Мети во Македониоја, Џатин Такрар. Тој најави нови дополнителни 150 вработувања.
„Мoментлано имаме вработено 500 луѓе но планираме да вработиме до 650 луѓе. Тоа ќе се случи во следните две години.Веќе ангажиравмe за дополнителните две линии во минатата година, ангажиравме авто инжењери, хемиски инжењери и хемичари, луѓе на кои им треба дополнителна обука за специфичната работа која се извшрува овде во Џонсон Мети“, вели Такрар во интервјуто за порталот.
На прашањето колку се задоволни од вториот погон отворен во Бунарџик, Такрар вели дека во 2012-та година побарале проширување и решиле врз основа на успехот во Македонија, а тоа е голем успех, сите се задоволни од постигнатото од нашата прва инвестиција во Групацијата во Џонсон Мети.
„Ни требаше дополнителен капацитет во Европа. Минатата година ги направивме повеќето активности, ја изградивме фабриката сега е целосна, има две производни линии од првата инвестиција, линија 1 и 2 , а во новиот капацитет има дополнителни две линии, линија 3 и линија 4. Линијата 3 е целосно оперативна а линијта 4 планираме да ја пуштиме во употреба наредната година“, потенцираше тој.