Денес официјално ја поднесовме интерпелацијата за претседателот на собранието, ја најавивме пред неколку дена, веќе се потпишавме најголем дел од пратениците, регуларната форма што треба е запазена и сега на ред е Талат Џафери да ја започне таа седница, изјави во дневникот на ТВ Сител потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
-Сите опозициски партии се против Талат Џафери да остане претседател на собранието, но овој пат се решивме кој сака да се потпише е добредојден. Решивме секој што мисли дека треба да биде против Талат Џафери бујрум на седница кога ќе биде закажана, нека си го каже своето на глас. Знаете зошто? Зошто Талат Џафери не нѐ срами само нас од ВМРО-ДПМНЕ, Талат Џафери ја срами цела Македонија, го срами собранието, го срами целото општество, истакна Мисајловски.
Тој додаде дека во овој случај не само опозицијата, туку и оние мали партии кои се дел од власта да се одважат и да направаат исчекор бидејќи знаеме дека се згрозени од него.