Талентираните деца се закануваат дека ќе ја напуштат земјава

На отворена сцена младите порачаа дека ќе си заминат ако државата не почне да вложува во нивните таленти. Се лутат што лани им било ветено дека ќе има посебно училиште за над просечно интелегентни деца, но од тоа ништо. Се жалат и дека сретствата кои се вложуваат во нив се минимални.

Треба Да се вложи повеќе труд, бидејќи лани имаше најави дека во Скопје ќе се отвори гимназија за талентирани и надарени деца, кои што имаат голема желба за да учествуват на натпревари, и да го напредуваат своето знаење, но за жал такво нешто се уште се нема случено. Се надевам дека нешто итно ќе се преземе, бидејќи многу млади како нас што се талентирани, ќе се обидуваат да избегаат од државата во потрага по подобро образование. Јас многу ја сакам државата, но да, ќе заминам, рече Дарко Стојчев.

Меѓународните експерти предупредуваат на катастрофа од големи размери доколку младите продолжат да се иселуваат од земјава. Проблемите ќе се зголемуваат, а ќе нема кој да ги решава, вели Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ кој додава дека талентот сам по себе не гарантира успех и мора да се надградува.

Образовниот систем во Македонија во изминативе години се влошува, додека во соседните држави се подобрува. И тоа мора да го спречиме и да оди во обратен правец. Тоа се прави преку образовна реформа која треба да го подобри образованието, изјави Бенџамин Перкс, УНИЦЕФ.

Државата не прави доволно за младите умови, призна директорот на  Фондот за иновации Јован Деспотовски. За поддршка на децата од земјава кои учествуваат на домашни и меѓународни натпревари лани  од државната каса биле одвоени 160 илјади евра, сума која Деспотовски смета дека е мала и мора да се зголеми. Сега вели дека ќе се подготви системско решение кое ќе го намали одливот на млади лица од Македонија.

Повеќето анализи на оваа тема покажуваат дека младите се решаваат да ја напуштат земјава пред се поради нискиот животен стандард, потребата од партиска книшка за вработување, лошиот образовен, но и застарениот здравствен систем.