Талибанците киднапирале 27 авганистански полицајци

Во тек на нападот во североисточната провинција Бадахшан талибанците киднапирале 27 авганистански полицајци, соопштија претставници на полицијата, пренесуваат медиумите.

Генeралот Фаселудин Ајар, шеф на полицијата во провинцијата Бадахшан, рекол дека полицајците се криеле во пештера кога биле нападнати од талибанците, пренесоа медиумите.

„Полицијата трага за киднапираните полицајци“,  рекол Фаселудин Ајар.

Талибанците најавиле дека ќе ги зајакнат акциите против авганистанските сили на безбедност во пресрет на повлекувањето на странските трупи предвидено за крајот на оваа година.

Талибанците нападнаа неколку полициски пунктови во провинцијата Бадахшан.

Во тие акции се убиени шестмина, ранети се тројца полицајци, а настрадале поторица талибанци.

Во провинцијата Бадахшан е испратено засилување, но полицијата морала да се повлече и да ја продолжи борбата од околните планини проследено со поддршка од воздух.

Провинцијата Бадахшан се наоѓа на границата со Кина и е една од најодалечените во Авганистан.