Талибанците се одговорни за 2.800 напади од потпишувањето на примирјето

Припадниците на радикалното движење на талибанците презедоа одговорност за повеќе од 2.800 напади откако е потпишан Мировниот договор со САД, изјави портпаролот на авганистанскиот Совет за национална безбедност Џавад Фејсал.

– Од почетокот на март до 19 април талибанците извршија 2.804 напади, во кои се убиени или повредени речиси 800 цивили, посочи Фејсал.

Тој додаде дека талибанците дневно во просек извршувале по 55 напади.

– Во тој период загинаа или поврдени се 2.737 талибанци, наведе Фејсал.

САД и талибанците на 29 февруари потпишаа Мировен договор во Дубаи, според кој САД треба да ги повлечат своите трупи од Авганистан во рок од четири месеци. Додека талибанците гарантираат дека нема да ја загрозат безбедноста на американските трупи и нивните сојузници. Договорот исто така предвидува ослободување на затвореници односно да се ослободат 5.000 талибанците, а тие треба да треба да ослободат 1.000 затвореници.