Талибанците деновиве ќе ја започнат пролетната офанзива во Авганистан, стои во соопштението кое го доставија до медиумите.
Офанзивата е насочена пред се, кон странските војници и дипломати.
Исламистичкото движење изрази одлучност да го продолжи џихадот, а пролетната офанзива која оваа година е наречена „Азм“ (Стабилност) ќе почне в петок.
Судирите во Авганистан, особено во планинскиот регион на границата со Пакистан, традиционално се интензивираат на почетокот на пролетта и по топењето на снеговите.
Оваа година, авганистанските сили за безбедност ќе мораат сами да се борат против талибанците поради веќе завршената меѓународната операција, под команда на НАТО.