Најмалку 400 цистерни со гориво се во пламен кај Кабул, а се стравува и дека има и жртви, изјави утринава авганистанско официјално лице.
Полицијата ги бара причините за пожарот кој не стивнува, но во меѓувреме Талибанците ја презедоа одговорноста за палењето.
Според првичните ин формации запалени се цистерни на меѓународните воени сили.Според зборовите на авганистанските официјални лица, пожарот избил во петокот навечер на едно паркиралиште.
Талибанците соопштија дека го запалиле горивотот на странските трупи, и дека се работи за тактички напад.