Три седмици по преземањето на власта во Авганистан, радикалното исламистички движење Талибан во вторникот го објави составо на дел од идната влада со којашто ќе претседава Мохамад Хасан Ајунд, еден од основачите на талибанското движење.
Соосновачот на движењето, мула Абдул Гани Барадар ќе биде вториот човек на новата авганистанска извршна власт, изјави за медиумите во портпаролот главниот портпарол на талибаните, Забиула Муџахид.
Барадар кој ужува углед и почитување од различните струи во талибанското движење, ги водеше преговорите со САД во катарската престолнина Доха на кои беше постигнат договорот за повлекување на странските сили од Авганистан.
Меѓу другите именувања обајвени во вторникот вечерта се мула Јакуб, синот на мула Омар, за министер за одбрана а министер за внатрешни работи Сираџудин Хакани, лидер на мрежата Хакани којашто Западот ја смета за најопасната групација во талибанското движење и оценува дека сѐ уште одржува врски со терористичката мрежа Ал Каеда.
Амир Кан Мутаки, исто така талибански преговарач во Доха, е именуван за министер за надворешни работи.
„Владата сѐ уште не е комплетна“, истакнал Муџахид, додавајќи дека движеењро, коешто вети „широка и инклузивна“ влада, ќе се обиде да „земе луѓе од другите делови на земјата“.
Според еден од талибанските челници, Кајбатул Ахунзада, шеријатските закони ќе се применуват во Авганистан по именувањето на новата влада. Додал и дека земјата се обврзува да ги почитува сите меѓународни договори коишто не се во псротиност со законите на исламото и националните авганистански вредности.
Меѓународната заедница со големо внимание ги следи активностите кои ги преземаат талибаните кои се вратија на власт дваесет години откако беа соборени со инвазијата којашто ја предводеа САД, предупредувајќи дека за чекорите на исламистичкото движење ќе суди според неговите дела.
Талибанските ветувања, во прв ред во врска со женски права, засега тешко може да бидат разуверени. Сигнал за ваквата недоверба се и протестите кои деновиве в оКабул ги организиаа активистките на кои им се придружија Авганистанците кои дошле да ги осудат судирите меѓу талибаните и силите на отпорот во северната провинција Панџшир.
Според повеќето информации на локалните медиуми, силите во Панџшир составени од локалните етнички милиции и остатоци од разбиената војска и специјалните сили на поренешната авганситанска влада, долго даваше вооружен отпор но сега е под талибанска власт.
„Сега е безбеден и таму нема војна“, рекол Муџахид зборувајќи им на новинарите за ситуацијата во провинцијата северно од Кабул.
Одговарајќи на прашањата за саботните протести кои талибаните на некои места насилно ги растурил, портпаролот истакнал дека „сѐ уште не се обучени“ за управување со протестни собири и ги повикал демонстрантите да ги известат за секое собирање 24 часа претходно.
Состав на привремената влада на Авганистан:
– привремен премиер – Хасан Ахунд (шеф на советот талибанското раководство, шеф на министерството за надворешни работи од 1996 до 2001 година);
– вицепремиер – мула Абдул Гани Барадар (шеф на политичката канцеларија на движењето);
– втор вицепремиер – Абдул Салам Ханафи (заменик на шефот на политичката канцеларија);
– министер за одбрана – Мохамад Јакуб (заменик-лидер на талибаните);
– министер за внатрешни работи – Сараудин Хакани;
– шеф на разузнавање – Абдул Хак Васик;
– министерот за надворешни работи – Амир Кан Мутаки (поранешен претставник на раководството на движењето);
– министер за економија – Мохамад Ханиф;
– министер за финансии – Хедајатула Бадри;
– министер за култура и информации – Хајрула Хаирхах;
– министер за бегалци – Халил ал-Рахман Хакани;
– министер за образование – Нурула Мунир;
– министер за високо образование – Абдула Баки Хакани;
– министер за правда – Хаким Шах;
– министер за водни ресурси и електрична енергија – Латиф Мансур;
– министер за воздухопловство и транспорт – Хамидула Ахунџада;
– министер за комуникации – Наџибулах Хакани;
– челник на Централната банка на Авганистан – Мохамад Идрис;
– началник на Генералштабот на вооружените сили на Авганистан – Кари Фасихудин.