Талибаните ќе распоредат баталјон самоубијци на границите на Авганистан

Заменикот гувернер на авганистанската провинција Бадапшан, мулата Нисар Ахмад Ахмади, изјави во саботата дека специјален „самоубиствен баталјон“ ќе биде испратен на авганистанските граници, пренесува локалната агенција Khaama Press.

Провинцијата Бадакшан се наоѓа на североистокот на Авганистан, на границите со Кина, Таџикистан и Пакистан.

Ахмади рекол дека баталјонот наречен Лашар-е-Мансири, односно „армијата на Мансур“, е истиот кој бил подготвен за изведување самоубиствени напади врз солите на претходната авганистанистанска валд.

„Поразот на Соединетите држави ќе беше невозможен без овој баталјон. Овие храбри луѓе беа подготвени да ставата елеци со експлозив и да ги активираат во американските бази во Авганиста. Тие се луѓе буквално без страв кои се целосно посветени на Алах“, рекол Ахамди.

Покрај Лашкар-е-Мансури, агенцијата потсетува дека и баталјонот наречен Бадр313 е познат како еден од најопремените со најмодернизирана воена групација кој е распореден на меѓународниот аеродром во Кабул. Во авганистанските медиуми се наведува дека Бадри313 е составен исклучиво од бомбаши-самоубијци.