Талибаните формираа трипартитен комитет за решавање на медиумски прашања

Радикалното талибанско движење, кое од неделата ја презеде контролата врз Авганистан, најави создавање трипартитен Комитет за решавање на медиумски прашања.

@Во Кабул е формиран трипартитен комитет за решавање на медиумски прашања. Во него се вклучени компетентен претставник на комисијата за култура на Исламскиот Емират на Авганистан, заменик-претседателот на асоцијацијата за заштита на медиумите и претставник од штабот на провинциската полиција во Кабул#, напиша на Facebook портпаролот на талибаните, Забихула Муџахид.

Претходно, неколку авганистански новинари, претежно жени, објавија дека биле отпуштени од работа откако талибанците ја презеле власта. ТВ презентерката на националната Радио и телевизија Авганистан, Шабнам Кан Давран, изјави дека радикалите и забраниле дури и да влезе во канцеларијата на компанијата.