Талибаните ја држат во опкружување единствената преостаната покраина која дава отпор на нивното владеење во Авганистан, изјави во средата високо позициониран талибански челник, повикувајќи ги борците на отпорот на преговори а истовремено именуваа свој гувернер во покраината Панџшир.
Од паѓањето на Кабул на 15-ти август, планиската провинција Панџшир е единствената област во која се групираа неколку илјади борци на локалните таџиски милиции и на разбиените владини сили и кои не ја признаваат власта на талибаните. Но засега таму не се водат собври, како во соседната провинција Баглан каде се судираат локалните милици и талибанските борци.
Под водство на Ахмад Масуд, синот на Ахмад Шах Масуд која се бореше против советската инвазија во 1980-те, Ахмад Шах Масуд а кој во 1990те годни ги предодеше против-таибанските сили Северна алијанса убиен од терористите во 2001 година, отпор на талибаните ги пружаат локалните милиции и остатоците од војската и специјалните сили.
Во снимен говор упатен до населението во Панџшир, еден од влиајтелните талибански лидери Амир Кан Мотаки ги повика тамошните бунтовници да го положат оружјето“,
„Исламскиот Емират Авганистан е дом за сите Авганистанци“, порача Мотаки.
Талибаните прогласија амнестија за сите Авганистанци кои работеле за странските сили во последните дваесет години, но многумина од нив стравуваат од одмазда и сѐ уште се обидуваат да побегнат од земјата.
Мотаки рече и дека талибаните преземале многу напори за да преговараат со водачите на опозицискитге сили во Панџшир, „но, за жал, без резултати“.
Портпаролот на Националниот фронт на Авганистан, кој ги обединува силите во долината Панџшир, изјави во средата дека талибанските сили започнале офанзива пред два дена и дека напаѓаат на три или четири локации, но дека засега неговите сили успеваат да ги одбијат.
Авганистанската телевизија 1TV го цитира Мутаки кој рекол дека талибаните именувале нов гувернер за Панџшир повторно истакнувајќи дека повикуваат на приклучување на движењето за да се избегне крвопролевање.