Авганистанските, меѓународните и талибанските сили ќе го почитуваат седумдневниот период на редуцирано насилство во Авганистан, којешто ќе започне во петокот на полноќ по локално време, талибанските и претставниците на владата во Кабул.
Договорот е постигнат во текот на оддолжените преговори меѓу американскиет и талибанските претставници кои започнаа во 2018 година во катарската престолнина Доха, а би можеле да доведат до повлекување на американските сили од Авганистан, според претставниците на двете страни.
„Според планот редуцирањето на насилствата ќе започне меѓу талибаните, меѓународните и силите за безбедност на Авганистан, и ќе трае една седмица. Се надеваме дека ќе биде продолжен и ќе отвори пат за примирје и разговори во самиот Авганистан“, изјави Џавад Фајсал, портпаролот на авганистанскиот советник за национална безбедност.
Редуцирањето на насилствата го потврдиле и тројца влијателни талибански водачи, зборувајќи за агенцијата Reuters под услов да останат анонимни. Талибански челник, кој е стациониран во Доха,рекол дека овој период не може да се нарече „примирје“.
„Скоја страна има право на самоодбрана, но во овие седум дена нема да има напади врз туѓите позиции. Целта е создавање безбедо опкружување во Авганистан, а договорот може да биде продолжен, доколку работите тргнат добро по потпишувањето на мировниот договор со САД“, заклучил.