Талибаните имаат „работен однос“ со САД на кабулскиот аеродром

Радикалното исламистичко движење Талибан има „работен однос“ со Американците на територијата на аеродромот во авганистанската престолнина Кабул по безбедносните прашања, изјави зателевизијата Al-Jazeera, член на комитетот за култура на движењето.

Талибанскиот функционер Абдул Кахар Балчи изјавил дека контролните точки надвор од територијата на аеродромот во Кабул е под контрола на талибаните, додека оние во областа на аеродромот се под американска контрола.

„Во постојан меѓусебен контакт се“, истакнал Балчи.

Неименуван фунцкионер на НАТО во недеалта рекол дека западните сили „ја оддржуваат строгата оддалеченост од надворешните област на кабулскиот аеродром за да се спречат судири со талибаните“.

Балчи изразил жалење што авганистанското населени масовно оди во аеродромот за да замине од земјата, велејќи деканивните стравувања и хистеријата се неосновани, бидејќи талибаните објавија општа амнестија, па и за припадниците на владините безбедносни сили против кои се бореа изминатите две децениии.

Балчи рекол и дека талибаните првично не сакале да влезат во Кабул. Планирале да најдат политичко решение преткодно и да формираат влада со другите полички сили. Рекол и дека сите биле изненадени од брзината на нивното напредвање во земјата.

Откако ја преземаа власта минатата недела, талибаните бавно ги пополнуваат функциите на власта. Делумно ги повкаа и поранешните владини службеници да се вратат на своите работни места, пренесува агенцијата DPA.

Истовремено траат преговорите со другите политички сили за формирањето на новата влада.
Хашмат Гани Ахмадџај, братот на пребеганиот авганистански претседател, Ашраф Гани, му се приклучи на радикалното талибанско движење, во саботата беше објавена во порака на Twitter на страницата на Исламскиот емират на Авганистан. Притоа талибанците објавија и фотографија на која Хашмат Гани се ракува со нивни претставници.

Шеестгодишниот Хашмат Гани од 2002 година е претседател на Големиот совет на кучите (етничка група блиска до Паштуните во Авганистан). Покрај тоа, тој го предводи деловниот конзорциум „Ghani group“, кој вклучува компании што обезбедуваат услуги во областа на безбедноста за приватни и јавни клиенти, увоз и извоз, градежништво и недвижен имот. Седиштето на компанијата е во Кабул, а една од филијалите се наоѓа во Дубаи.