Талибаните ја проширил својата територија во Авганистан

Талибаните во текот на минатата 2018 година го прошириле територијата којашто ја контролираат во Авганистан, но и го зголемиле своето влијание, објави во средата американска мониторинг организација во својот најнов извештај.

Авганистанската влада во периодот меѓу јули и октомври минатата година изгубила седум од севкупно 407 окрузи. Владата во моментов контролира околу 53,8 отсто од окрузите, што е пад од 64 отсто колку што контролирала во претходниот период, објави американската организација којашто го следи обвноувањето на Авганистан – SIGAR.

Станува збор за тело коешто во 2008 година го основаше американскиот Конгрес за да им се овозможи на пратениците независна процена на американските вложувања во Авганистан, земјата во којашто САД ја водат најдолгата војна во својата историја. На своите интернет страници SIGAR наведува дека од 2002 година за реконструкција и помош на Авганистан, досега се потрошени околу 126 милијарди долари.

Талибаните во моментов контролираат најмалку 12 отсто од окрузите во земјата, а во октомври 2018 година се водела превласт за 34 отсто од нив, се истакнува во извештајот.ж

Американските набљудувачи велат дека бројот на авганистанските борци паднал на најмалата бројка од јануари 2015 година. Во октомври 2018-та ги имало малку помалку од 308.000. Авганистанскиот претседате Ашраф Гани минатата седмциа објави дека од 2014 година се убиени најмалку 45.000 авганистански војници.

Извештајот на SIGAR е објавен неколку дена откако американските и талибанските претставници го завршија последниот круг од помирува во катарска Доха.

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата на Twitter објави дека преговорите „напредуваат добро“. „Борбите продолжуваат но народот Авганистан сака мир во овоаа бескрајна војна. Наскоро ќе видиме дали разговорите ќе бидат успешни“, напиша.

Специјалниот американски претставник во процесот на помирувањето во Авганистан, Залмаи Кализад, за The New York Times откри дека двете страни ја прифатиле „рамката“ за мировниот договор.