Талибаните во средата се откажаа од намерата да бидат отворени средните училишта за девојките, додавајќи дека тие ќе останат затворени додека не биде изработени план во согласност со шеријатскиот закон.
Наставници и ученички од три средни училишта од околината на авганистанската престолнина Кабул изјавиле дека во средата утрото се вратиле возбудени во училишните кампуси, но им било наредено да се вратат во своите домови. Додале дека многуи ученички ги напуштиле кампусите „со солзи во очите“.
„Сите се разочаравме … кога директорката ни го кажа тоа, таа исто така плачеше“, изјавила една ученичка, пренесува Reuters.
Кога на власта во Авганистан првпат дојде радикалното исламистичко движење Талибан, од 1996 до 2001 година, беше забрането образованието за жените и вработување на повеќето работни места.
Меѓународната заедница го постави образованието на девојките како клучно барање за секое идно признавање на талибанската администрација, којашто ја презема власта ланскиот август по хаотичното повлекување на американските и странските сили од Авганстан по дведецени долгата војна,
Талибанското министерство за образование минатата седмица објави дека училиштата за сите ученици, вклучително и за девојките, повторно ќе бидат отворени во целата земја во срадата, по месеците ограничување на образованието за женските деца на средношколска возраст.
Во вторникот вечерта портпаролот на министерството за образование објави видео во кое им го честиташе на суте ученици враќањето во училиштата. Меѓутоа, во средата во објавата на министерството се наведува дека училиштата за девојките ќе останат затворени додека не биде осмислен план во согласност со исламските закони и авганистанската култура, пренесе владината новинска агенција Bakhtar News.
Портпаролот на министерството не одговорил на пораките и барањата за коментар. Извор од талибанската администрација потврдил за Reuters дека училиштата за девојки во Кабул засега ќе останат затворени.
Талибаните настојуваат да управуваат со земјата во согласност со своите толкувања на шеријатското право, додека истовремено треба да осигураат достап до финансиската помош од меѓународната заедница коај е неопходно потредбна за да се спречат големата сиромашните и глад во Авганистан, а која е условена со почитување на човековите и малциските права, како и на правото на жените на образование и работа.
„Откако ги слушнав вознемирувачките извештаи дека властите нема да ги повикаат ученичките над шестиот клас назад во училиптатата, се прашувам доколку тоа е вистина што може да биде причина за тоа“, објави на Twitter Дебора Лионс, шефица на Мисијата на Обединетите нации во Авганистан (UNAMA).