Талибаните објавија дека пропаднале преговорите за прекин на огнот во Авганистан, но среде офанзивата нудат политички договор

Еден од лидерите на радијалното исламистичко движење Талебан повтори во неделата, во пораката по повод муслиманскиот празник Курбан-бајрам дека и натаму „решително се залага за политичко решение“ во Авганистан, ден по продолжувањето на разговорите во катарска Доха со претставниците на владата во Кабул, додека во земјата трае талибанската офанзива.

Делегациите на авганистанската влада и на талибаните ги продолжија во саботата во Дога преговорите започнати во септември минатата година кои не резултираа со никакво договор, освен со привремен прекин на огнот и ослободувањето на околу седум илјади бунтовници и нивни прврзаници од авганистанските затвори.

Двете страни повторно ги продолжија пеговорит во неделата по локално време, а делегациите не успеале да постигна договор во вска со кусотраен прекин на огнот во текот на празникот Курбан бајрам.

Пртходно арапските медиуми известија дека учесниците на меѓуавганистанските преговори во Доха дискутираат за можноста да биде воспоставно привремено примирје во текот на празникот на жртвата, кој ќе започне во Авганистан на 20-ти јули, како и осолбодување на уште седум илјади талибански милитанти.

„Според извештаите на некои медиуми, на дводневниот состанок на меѓуавганстанско високо ниво во Доха бил договорен прекин на огнот на неколку дена или ослободување на извесен број затвореници. Овие информации не се точни. Таков договор не е постигнат“, објави на Twitter портпаролот на политичката канцеларија на талибаните во Катар, Мухамед Наим.

Претходно, пак, водачот на талибанската делегација во Доха, Хабитула Акиндзада, порача дека во врска со тридневниот празни Авганистанците самите да ги решат меѓусебните проблеми и разлики.

„Наместо да се потпираме на странците, да ги решиме нашите проблеми меѓу нас Авганистанците и да ја спасиме татковината од кризата. И покрај напредувањето и воените победи и натаму сме решителни за постигнување политичко решение. Решително сакаме со преговорите да изнајдеме решение, но спротивната страна продолжува да го губи времето“, изајви Акиндзада во својота порака.

Дека разговорите во Доха се неуспешни потврди и потегот на шефот на владиниот Совет кој го надгледува мировниот процес, Абдула Абдула, кој во неделата вечерта го избегна прашањето на новинарите за можен договор.

Талибанската офанзива којашто започна на почетокот од мај кога започна и повлекувањето на странските трупи од земјата според договорот меѓу САД и Талибаните од пред две години, наиде само на незначителен отпорд на авганистанските владини безбедносни сили и им овозможи на бунтовниците заземање големи рурални области во Авганиста и важни гранични премини кон Иран, Туркменистан, Таџикистан и Пакистан.

„Авганистанските безбедносни сили изведоа 244 операции во кои убиле 967 непријателски борци, меѓу кои и клучни командати.Досега заземавме 24 окризи, а целта е да бидат повратени сите територии. Подготвени сме да ја браниме својата земја“, тврди во изајавата за новинарите портпаролот на провладините сили, Ајмал Омар Шивари.