Талибаните објавија победа над ИСИС

Повеќе од 150 членови на терористичката организација на Исламската држава им се предадоа на авганистанските власти во провинцијата Јавжан, откако претрпеа пораз во борбите против Талибаните, јави Ројтерс.

ИСИС се појави во источниот дел на Авганистан пред четири години, а најсилната база беше во јужниот дел на Џаџан, каде што се бореа да ја преземат контролата врз рутите за шверц во соседен Туркменистан.

Злобниот феномен на ИСИС конечно е целосно елиминиран, а населението на авганистанската провинција Џаџан повеќе не мора  да страдаат од нивната тортура, изјави портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид.

Талибаните ја почнаа офанзивата против борците на ИСИС,  против кои се борат исто како против владата во Кабул, пред неколку недели.