Талибаните почнуваат воена операција во Панџшир

Водачите на авганистанското ислаистичко движење Талибан донеле одлука за започнување воеан операција против силите на Фронтот на отпорот во покраината Панџшир, пренесува во четвртокот панарапската сателитска телевизија Al Jazeera.

Ваквата одлука била донесена по пропаѓањето на преговорите со лидерот на борците кои не ја признаваат талибанската власт, Ахмед Масуд, се вели во информацијата која се повикува на извор во талибанското движење.

Со започнувањето на повлекувањето на странските војски од Авганистан, талибаните преземаа голема офанзива во кој речиси и без отпор ги заземаа сите покраински центри, а на 15-ти август го заземаа и главниот град Кабул, ставајќи крај на дваесетгодишната војна и повторни враќајќи се на власт од која беа соборени во 2001 година со американската инвазија.

Единствената провинција која остана надвор од контрола на талибаните во моментов е Панџши, на североисток од Кабул. Претходно во четвртокот тамошниот лидер Ахмед Масуд рече дека борбите со талибаните ќе прекнат, доколку радикалното исламистичко движење како нова власт форма вклучива влада и го гарантира почитувањето на човековите права.

Водачите на отпорот во Панџшир се посветени на мирно решение во Авганистан, а војната „ја започнаа талибаните“, рекол за Al Jazeera порптарол на движењето на отпорот.

Судирите во Панџшир, како што пренесуваат локалните медиуми, се одвиваат на два фронта, но се очекува да се отворат и нови места на судири. Отпорот во оваа провинција тврди дека околу 350 талибански борци се убиени во судирите последните денови, а милитантите досега не успеале да заземат ниедна позиција во Панџшир.

Портпаролот на Националниот фронт на Авганистан, кој ги обединува силите во долината Панџшир, изјави во средата дека талибанските сили започнале офанзива пред два дена и дека напаѓаат на три или четири локации, но дека засега неговите сили успеваат да ги одбијат.

Талибаните ја држат во опкружување единствената преостаната покраина која дава отпор на нивното владеење во Авганистан, изјави во средата високо позициониран талибански челник, повикувајќи ги борците на отпорот на преговори а истовремено именуваа свој гувернер во покраината Панџшир.

Од паѓањето на Кабул на 15-ти август, планиската провинција Панџшир е единствената област во која се групираа неколку илјади борци на локалните таџиски милиции и на разбиените владини сили и кои не ја признаваат власта на талибаните. Но засега таму не се водат собври, како во соседната провинција Баглан каде се судираат локалните милици и талибанските борци.

Под водство на Ахмад Масуд, синот на Ахмад Шах Масуд која се бореше против советската инвазија во 1980-те, Ахмад Шах Масуд а кој во 1990те годни ги предодеше против-таибанските сили Северна алијанса убиен од терористите во 2001 година, отпор на талибаните ги пружаат локалните милиции и остатоците од војската и специјалните сили.

На 21-ви август медиуми објавија дека Масуд започнал преговори со претставнции на талибаните за создавање „инклузивна влада“ и надминување на политичките поделби во земјата. Масуд следниот ден повика да се формира влада на национално единство која би владела со земјата со учество на талибаните, предупредувајќи дека „војната ќе биде неизбежна“ доколку талибаните го одбијат предлогот.

Масуд веднаш по падот на Кабул во напис објавен во The Washington Post објави дека владините сили и локални милиции кои се борат против талибаните се собират во неговото упориште во Панџшир, и побара воена поддршка од Западот.

Претходно ден откако талибаните го заземаа Кабул, на 16-ти август Масуд во писмо објавено во француски магазин, најави отпор против талибаните чиј центар ќе биде Панџшер. Се проценува дека таму се концентрирани десетина илјади борци на владините и специјалните сили кои се вратиле во земјата од Таџикистан.