Талибаните продолжуваат со камшикувања во Авганистан

Дванаесет осудени лица, меѓу кои и една жена, јавно се камшикувани во средата во јужната авганистанска провинција Халманд, соопштија локалните талибански власти.

Заменикот на челникот на покраинскиот оддел за информации и култура, Мохамед Касим Реџаз, изјавил за германската новинска агенција DPA дека камшикувањето се случило во округот Над Али, како и дека е извршено во согласност со одлуката на тамошниот талибанскиот суд.

Лицата биле казнети со удари со камшик меѓу 10 и 39 пати, поради кражби и други морални прекршоци.

И покрај меѓународната осуда, талибаните од неодамна продолжија со камшикување и јавни погубување на лица осудени за криминал по одлуката која ја донесе тврдолинијашкиот врховен водач, мула Хабитула Акиндзада. Казнувањата се одвиваат на јавни простори, како спортски стадиони пред стотици лица.

Во понеделникот беше објавено дека авганистанските талибани јавно камшикувале 30 лица, меѓу кои и жени. Главниот шеријатски судија во провинцијата Џаувазџан, Абдул Вахаб Захид, изјавил дека 22 лица од осудените добиле по 25 и по 39 удари со камшик, обвинети за кражби, прељуба и растурање дрога. На јавното извршување на казната присуствувале и локалните службеници, свештенство и племенски старешини. Во провинцијата Каписа на ист начини биле казнети седум мажи и една жена, потврдил шефот на апелацискиот суд на округот Наџран, Субханудин Собхани.

Првото погубување за убиство се случило пред главните клучни членови на талибанската влада претходно во декември. Талибаните ги отфрлија сите критики како спротивни на исламското учење и прописи.

Во исламскиот законик – шеријатот, злоделата опфатени со категоријата хадд како што прељуба, кражба, грабнувања, консумирање алкохол, се казнуваат со различни видови казни, покрај јавно камшикување и каменување, дури и со ампутирање на екстремитетите во зависност од тежината на прекршокот.

И покрај повиците на меѓународната заедница и активистите за човекови права да се почитуваат темелните човекови права во Авганистан, особено правата на жените и девојките, во ноември талибанскиот водач Хаибатула Ахунџада им нареди на судиите во земјата да ги поддржуваат сите аспекти на шеријатскиот законик, кој и во многу муслимански земји денес се смета за анахрон и многу крут во толкувањата.