Талибаните решија дека жените мора да го покријат лицето во јавноста

Авганистанските власти на радикалното исламистичко движење Талибан во саботата донесоа одлука дека Авганистанските кора да го прекриваат своите лица на јавните простори и воопшто во прикажување пред јавноста.

Портпаролот на талибанското министерство за поттикнување на домблестите и спречување на пороците ја прочита одлуката на талибанскиот врховен водач Хибатула Акунџада на прес-конференција во Кабул, прецизирајќи дека таткото или најблискиот машки роднина на жената којашто нема да го прекрие своето лице надвор од домот ќе добие посета за предупредување, а на крајот може да заврши во затвор или да остане без работа во државна служба.

Како идеално решение, талибанските власти ја сметаат сината бурка којашто го прекрива целото тело и којашто стана глобален симбол на претходната талибанска власт од 1996 до 2001 година кога беше соборена со американската инвазија која траеше следните две децении.

Повеќето жени во Авганитан насат на главата превез поради верски побуди, но многу во урбаните области, како што е главниот град Кабул, не ги прекриваат лицата.

Талибаните во март ги затворија средните училишта за девојките на денот кога требаше да започнат со работата, поради што САД ги откажаа договорените состаноци за ублажување на финаниската криза во земјата со средствата на претходната авганистанска влада коишто ги блокираше Вашингтон откако ланскиот август по американското повлкување на власт во Кабул без никакво отпор се вратија талибаните.

Талибаните настојуваат да управуваат со земјата во согласност со своите толкувања на шеријатското право, додека истовремено треба да осигураат достап до финансиската помош од меѓународната заедница коај е неопходно потредбна за да се спречат големата сиромашните и глад во Авганистан, а која е условена со почитување на човековите и малциските права, како и на правото на жените на образование и работа. Но последните месеци воведуваат сѐ построги рестрикции за жените, па таја тие веќе не можат да патуваат без машка придружба и не смеат да ги посетуваат забавните паркови истовремено кога и мажите.