Талибаните забрзано трагаат по оние лица кои соработувале со американски и силите на НАТО, се наведува во доверливиот документ на Обединетите нации, и покрај ветувањата на милитантите дека нема да им се одмаздуваат на своите противници.
Во неколку градови избнувнаа противталибански протести. А во провинцијата Паншир, единствениот регион во земјата кој не е под контрола на талибаните, се групираат неколку илјади авганистански војници кои се подготвени за борба со радикалните милитанти. Покраинските власти во средата од САД побара помош во оружје и муниција за да може да се справи со талибаните.
Претставник на талибаните во четвртокот потврди дека од неделата на аеродромот во Кабул каде што илјадници лица чекаат да бидат евакуирани во западните земји, убиени се дванаест лица.
Истворемено запоадните земји продолжуваат евакуација на своите државјани и Авганистанците кои работеле за нив. Запрашан во интервјуто за телевизијата ABC News дали згрешил во врска со повлекувањето на војниците од Авганистан, американскиот претседател Џо Бајден едноставно рече „не“.
Во извештајот кој го стоставил стручен тим за процена на ризиците за ОН, а кој агенцијата AFP го имала на увид, се наведува дека талибаните имаат „приоритетни листи“ со имиња на луѓе кои ги бараат да ги уапсат. На најголем ризик се изложени оние кои биле во авганистанските вооружени сили, во полицијата и во разузнавачките служби извршувале одговорни должности, се наведува во документот.
Талибаните оделе во „насочени посети од врата до врата“ кај лица кои сакаат да ги уапсат и кај членовите на нивните семејства, се додава во извештајот. Станува збор за извештај кој е објавен во средата го составил Норвешкиот институт за меѓународни истражувања, организација којашто ги пишува разузнавачките извештаи за агенциите на ОН.
„Ги целат семејствата на оние коишто не сакаат да се предадат и ги прогонуваат и казнуваат семејствата според шеријатскиот законик. Мислиме дека на поединци кои работеле за американските сили, за НАТО и нивните сојузници, им се заканува мачења и погубувања„“ рекол за AFP Кристијан Нелеман директорот на споменатиот норвешки институт.
Очевидци пренесуваат дека неколку луѓе се убиени во четвртокот во авганистанскиот град Асадабад престолнина на источната покраина Кунар, кога талибаните отвориле оган врз луѓето кои го вееле државното знаме на собир по повод Денот на независноста на Авганистан. Засега не е познато дали нивната смрт ја предизвикале телибанските куршуми или стампедото коешто настанало поради нив, рекол очевидецот Мухамед Салим.
Протести се одржани и во источниот град Џалалабад и во еден округ во покраината Пактиа, но нема извештајот за поголеми насилства таму.
Талибаните во неделата откако без никакво отпор се вратија по две децении на власт спроведоа голема медиумска кампања, ветувајќи им прошка на сите кои работеле за авганистанската влада поддржувана од западните сојузници кои ги организираа всушност изборите кои инаку беа проблематизирани од разни политички и секташки структури.
Меѓутоа, Авганистанците, во прв ред жените и верските малцинства, имаат лоши спомени од свирепиот фундаменталистички режим кој талибаните во воспоставија во периодот од 1996 до 2001 година, кога на пример обвинувањето за прељубништво се казнуваше најмалку со камшикување и каменување.
Висок талибански претставник во четвртокот за Reuters рекол дека одржувањето на редот и мирот на териториите под нивна контрола е „најголемиот можен приоритет“ и дека милитантите „не можат да бидат обвинувани“ за хаосот и насилството околу аеродромот во Кабул.
Истакнал дека талибаните ќе соработуваат во евакуацијата на странските државјаните и Авганистанците кои сакаат да заменат. Талибаните ќе се „придржуваат до дадениот збор и ќе им дадат на сттранските сили целосна поддршка при евакуацијата на нивните државјани од аеродромот во Кабул, а тоа ќе им го овозможат и на Авганистанците“.
Додал дека талибанските челници започнале разговори за судбината на националните вооружени сили и дека започнало пиопишувањето на вооружувањето и муницијата и возилата кои зад себе ги оставија американските и сојузничките сила.
Истовремено сегашни и поранешни американски функционери изразуваат загриженост дека тоа оружје би можело да се користи за убивање цивили или да падне во рацете на другите радикални групации, како што е Исламската држава, за да ги напаѓаат американските интерси во регуоно.
Некои, пак, како поранешниот претседател Доналд Трамп, предупредија дека современите американски оружја, како тенкови и хеликоптери кои беа донирани на авганистанската армија, талибаните може да ги предадат на американските непријатели како Русија и Кина.
Друг официјален претставник рекол дека иако сѐ уште нема конечни бројки, сегашната разузнавачка процена е дека се верува дека талибаните контролираат повеќе од 2.000 оклопни возила, вклучувајќи ги и возилата „Humvees“, и до 40 летала потенцијално вклучително и „UH-60 Black Hawks“, УХ-60 Блек Хокс, извидувачки и јуришни хеликоптери и воени беспилотни летала „ScanEagle“.