Милицијата на радикалното исламистички движење Талибан уапсила двајца осомничени за убиството на четири активистки за заштита на човековите права во градот Мазар-и-Шариф, административниот центар на на северната авганистанска провинција Балх, пренесува во саботата локалниот телевизиски канал 1TV News повикувајќи се на портпатролот на министерството за надворешни работи на Авганистан.
„Во една од станбените згради во квартот Калид во петтиот безбедносен кварт на градот Мазар-и-Шариф, беа пројандени телата на четири лица. Приведени се двајца осомничени, коишто според првичната истрага ги прогонувале жените кои се убиени… Материјалите од истрагата се предадени во судот“, потврди во видео-порака на Twitter портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи, Саид Хости, кој беше поставен од талибаните.
Во петокот авганистанските медиуми објавија за убиство на четири жени, активистки за човекови права особено за правата на жените, во провинцијата Балх. Како што беше прецизирано во информациите, станува збор за прво убиство на цивилни активисти во Авганистан по преземањето на власта на талибаните кон средината на август.
Авганистанската независна комисија за човекови права претходно објави дека нејзиниот персонал се соочува со огромни тешкотии ширум земјата. Особено се пожали дека талибанските милитанти го присвојуваат имото на персоналот на комисијата и вршат напади врз заштитниците на човековите права.