Талибаните ветија „жестока казна“ за организаторите на нападот во џамијата

Радикалното исламистичко движење Талибан ја осуди експлзијата која во петокот одекна во џамија во авганистанската провинцина Кундуз, за која одговорноста ја презема радикалната ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава

„Исламскиор Емират (Авганистан), решително го осудува овој монструозен чин и ветува дека ќе ги најде и казни виновниците за ова ужасно злосторство“, објави на Twitter талибанскиот портарол Забиула Муџахид.

Според локалните медиуми, во самоубиствениот бомбашки напад врз шиитска џамија се убиени најмалку 55 луѓе, а се стравува дека бројот на жртвите ќе се искачи на повеќе од 100 лица.

Нападот во Кундуз е изведен пет дена по бомбашкиот напда врз џамија во авганистанската престолнина Кабул во кој беа убиени пет луѓе и за кој исто така одговорноста ја презема Исламската држава.

Според сооштението потпишано од џихадистичката група Исламска држава во Корасан се наведува дека еден нивен припадник бобмаш самоубиец ја предузвикал експлозијата меѓу масата шиитски верници собрани на традиционалната пладневна петочна молитва.

Исламската држава ја преземеше одговорноста за некои неодамнешни напади. Талибаните и Исламската држава изминатите години се бореа меѓусебно за контрола над некои покраиниа. Висок талибански функционер неодамна тврдеше дека џихадстичката групација Исламска држава не претставува закана во Авганистан, како и дека талибаните може да ја совладаат.

Локалните групи кои им се лојални на џихадистите се познати како Исламска држава Корасан (ISIS-K), којашто е активна од 2015 година и се бори не само против авганистанските безбедносни сили, туку и за превласт на теренот против талибаните коишто контролираат значителен дел особено од руралните покраини на Авганистан. Точниот број на припадници на Исламската држава во Авганистан е тешко да се утврди, но според американските разузнавачки процени станува збор за околу две илјади борци.