Талибанските исламистички милитанти во саботата порачаа дека меѓународните сили во Авганистан го прекршиле американско-талибанскиот договор за повлекување на странските трупи и дека тоа го „отворило патот“ движењето да возврати.
„Бидејќи измина крајниот рок на 1-ви мај за повлекување на странските сили од Авганистан, ова е кршење во начело да отвори пат за муџахедините на ИАЕ (Исламскиот Емират Авганистан, називот кој за земјата го користат талибаните) да ги преземат сите противнапади кои се сметаат за соодветни против окупаторските сили“, се наведува во писмената изјава на талибаните испратена до светските агенции на англиски јазик.
Движењето додава и дека неговоти припадници сега ја очекуваат одлуката на своите водачи „во светлото на суверенитетот, вредностите и повисоките интереси на земјата“.
САД официјално во саботата започнаа со повлекувањето на своите војници од Авганистан, со што започна завршувањето на нивната најдолга војна во историјата.
Меѓутоа, во договорот кој го постигна администрацијата на претходниот американски претседател Доналд Трамп со талибаните 1-ви мај беше крајниот рок за повлекувањењето, додека неговиот наследник на должноста Џо Бајден овој датум го одреди како почеток на повлекувањето кое треба да заврши до 11-ти септември на 20-годшнината од терористичките напади врз САД, кои беа директниот повод за меѓународната инвазија врз Авганистан поради криењето на џихадистичката мрежа Ал Каеда и со која беше соборена талибанската власт во Кабул.
Од постигнувањето на договорот меѓу САД и талибаните за повлекувањето постигна во катарска Доха на 29-ти февруари во 2019 година по речиси една години преговори, талибаните директно не се судираа со странските трупи, но бунтовниците не престанаа со нападите врз владините безбедносни сили во руралните средини и терористички напади во урбаните средини.
Во меѓувреме сѐ уште не е постигнат мировен договор меѓу владата во Кабул и талибаните, иако како прв чекор минатата година ослободи илјада талибански затвореници. Поради тоа повлекувањето на американските и НАТО силите во Авганистан предизвикува стравувања кај населението од разгорување на внатрешнот конфликт. Претседателот Ашраф Гани оцени дека владините сили кои со месеци самостојно водеа копнени операции против талибаните се „целосно способи“ да ја контролираат ситуацијата на теренот, а и дека повлекувањето на странските трупи значи дека талибабите немаат причина за војување.