Талибаните затвориле три службенички на ОН

Мисијата на Обединетите нации за помош на Авганистан (UNAMA) објави во понеделникот дека талибаните привремено затвориле три нивни службенички.

Во соопштението UNAMA ги повикува талибанските власти да престанат да го вознемируваат женскиот персонал на ОН.

Заменикот на портпаролот на талибаните, Билал Карими, ги отфрлил тврдењата на ОН. Рекол дека религиските полицајци, познати како службеници на Министерството за промовирања на доблестите и спречување на пороците, побарале информации за група жени во јужната провинција Кандахар.

„Кога дознале дека таму има жени коишто работат за Обединетите нации, се повлекле и немало никакви проблеми“, рекол Карими.

Кога минатиот август повторно се вратија на власт во Авганистан, талибаните се на удар на критики од меѓународната заедница поради намалувањето на правата на жените. Поради тоа, нивната влада не е призната во светот, а замрзната се парите на авганистанската влада во западните земји.

Агенциите на ОН во оваа сиромашна и разорена од дводецениската војна по инвазијата на САД и сојузниците, доставуваат хуманитарна помош за да ги обезбедат најнеопходните потреби, додека на милиони Авганистанци им се заканува глад.