Талибанските ограничувања при патувањата на жените предизвикаа ретка осуда од Пакистан

Пакистанската влада ги осуди во вторникот новите ограничувања во патувањата на жените во соседен Авганистан кој ги наметнаа новите власти на радикалното исламистичко движење Талибан.

„Жените не можат да патуваат сами и не можат да одат на училиште ниту на факултат.. таквото назадно размислување е опасно. Таквите екстреми може да се прошират на Пакистан и пошироко“, изјави во Исамабад пакистанскиот министер за информации Фавад Чаудри.

Тој реагираше на одлуката на пакистанските власти од неделата според којашто на жените кои сакаат да патуваат на подолги дестинации, над 72 километри, не би требало да им се осигури превозот доколку не се придружувани од близок машки роднина.

Во упатставата коишто ги издаде талибанското министерство за промовирање на доблестите и спречување на пороцитe, исто така, се повукуваат сите возачи да превезуваат само жени кои носат хиџаб, односно традиционална муслиманска прекривка за лицето и телото.

Изјавата на министерот Чаудри се првата директна и јавна критика од Пакистан на сметка на талибанските власти. Авгаганистан бара меѓународен легимитет на својата привремена влада од август кога талибаните повторно дојдоа на власт. Уште од тогаш, палестинските челници, вклучително и премиерот Имран Кан, ги фалеат талибаните и премолуваа за некои одлуки кои на Западот ги критикуваат како ограничувања за жените, како што се пристапот до образивание и можностите за вработувања и изборот на професијата.