Кандидатот за граоаначлник на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски истакна дека грижата за младите не се покажува само со убави желби и зборови, туку со конкретни мерки кои ќе значат обезбедување поволни услови да се стекнат со свој дом и овде, во Битола да формираат семејства.
-Сакам да најавам дека во местата каде што СДС планира да ни ги насели мигрантите, ние ќе создадеме услови таму навистина да има нови населби, ама не за мигрантите на кандидатката на Заев, туку за нашите деца. Во старата битолска Касарна ќе направиме парцели од по 200 метри квадратни кои без пари ќе им ги дадеме на младите битолчани и целосно ќе ги ослободиме од плаќање комуналии за да можат да изградат евтини куќи под многу поволни услови. На тој начин, без давачките кон Општината – една куќа од 50 до 100 квадрати младите идни семејства ќе ги чини од 17 до 35 илјади евра, вели Илиоски.
Тој додава дека битолските деца заслужуваат да растат во нов, безбеден и поволно достапен семеен дом и градоначалникот треба да знае како да им го обезбеди тоа.
-Ова е пресметано, планирано, конкретно и остварливо – евтин дом за секое ново семејство во Битола. Битола е на сите, нагласи кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.