![carina logo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/02/carina-logo.jpg?resize=665%2C332&ssl=1)
Увозот и извозот на стоки во земјава оди регуларно и без никакви попречувања, порача денеска директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.
– Увозот и извозот на стоки од земјава оди регуларно, протокот на стока е регуларен и нема никакви попречувања. Секое зголемување на увозот е добредојдено за нас, но сакам да информирам дека имаме и зголемен извоз кај кондиторската индустрија што е многу добро за нашата економија, рече Танасоски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Тој прецизира дека веднаш по прогласувањето на вонредната состојба и претходно со воведувањето на рестриктивните мерки Царинската управа заедно со министерствата за економија и за финансии и Државниот пазарен инспекторат направи анализа на увозот на сите неопходни продукти за кои за одреден дел има забрана за извоз, а на другиот дел е дозволен слободен извоз за да нема штета кај компаниите.
Податоците од анализата, како што кажа, покажале дека увозот и извозот одат регуларно и оти има регуларен проток на стоки без никакви попречувања.