Танцово студио „Еурека“ – Најдобри меѓу најдобрите во Загреб!

Освоената ГАЛА и главната парична награда допатуваа во Скопје. Од 9-11 декември танцовото студио „Еурека“ беше дел од престижниот натпревар „Winter International dance open Zagreb 2022“ кој традиционално се одржа осма година по ред во Загреб, Хрватска.

На натпреварот учествуваа околу 3000 учесници од повеќе држави од регионот и пошироко кои во три дена се натпреваруваа во различни стилови и категории. Од 10 пријавени категории, Еуреки се вратија со 8 ПРВИ и 2 ВТОРИ места.

Најголемиот пехар до сега како специјална награда за Второ место за целото студио од сите екипи кои беа дел од натпреварот. Последниот ден од натпреварот, публиката имаше можност да ужива во ГАЛА вечер, настан на кој беа претставени 30-те најдобри кореографии од целиот натпревар. Претставниците од ЕУРЕКА ги бранеа боите на земјата и студиото со 5 авторски кореографии на истата. Две парични награди од кои една за детската формација и една за Сениорскиот тим на кој им припадна највисоката парична награда на целиот натпревар!

Еуреки триумфираа на International Dance Open кој е еден од најголемите танцови натпревари во Европа, наменет за танчери од сите нивоа и сите возрасти во различни танцови стилови.