
Национална установа Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ во своето соопштение ги замолуваме сите „добронамерници“, да не го (зло)употребуваат името на Танец за свои цели.
Во декември 2006 година на платен список беа 26 вработени, а денес Танец брои 89 вработени. Платите на уметниците се покачени и до 80 %, и изнесуваат од 25.000 до 39.000 денари! Условите за работа се донесени на највисоко ниво (гардероби, сали за вежбање, музички инструменти….и сл..) Направена е спомен соба и музејски простор кој го посетиле илјадници посетители од Република Македонија и ширум светот за која сведочи книгата за впечатоци… Не би набројувале повеќе, бидејќи мисијата на Танец е позната и тоа го правиме беспрекорно и професионално кое нешто го докажуваме со нашите многубројни презентативни настапи во и надвор од Република Македонија, кои без поддршката на Министерството за култура не би ги оствариле, се вели во соопштението на Танец.