Танјуг се гаси, 180 вработени одат под Биро

Прашан дали се точни информациите дека Танјуг се гаси за да може да отпочне со работа нова владина агенција со многу помал број вработени, Драгишиќ одговара дека нема таква информација, но дека има сознанија дека српската влада на седница треба да разговара за новинската агенција.

Рокот за приватизација на 73 медиуми во Србија истече на 1-ви ноемри, а нови сопственици добија само половината, односно 36 медиуми.

Останатите медиуми за кои немало заинтересирани лица, би требало во наредниот месец да понудат бесплатни акции на вработените. Доколку ги одбијат тие акции, како што наложува законот, тој медиум ќе биде угаснат.